ФИТ-ФЕСТ ПРАВИЛА
1. Секој учесник е лично одговорен за одлуката да учествува согласно неговата физичка состојба.
2.Секој учесник е согласен дека правата за употреба на името, гласот, фотографијата или видео материјалот му припаѓаат на организаторот, вклучително и сите видови рекламирање на радио, ТВ и Интернет и други комерцијални активности на организаторот.
3. Здружението „Онлајн Фитнес Центарј“ – Штип посветува големо внимание на заштитата и сигурноста на личните податоци на корисниците. Личните податоци, како што се име, презиме, пол, град, телефонски број, возраст, адреса на e-пошта на корисниците се чуваат во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци, во неговата важечка верзија.
Ги презедовме сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци со кои располагаме, заради спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.
4. Со користење на веб-сајтот се признаваат условите за користење во својата сегашната верзија. Здружението „Онлајн Фитнес Центарј“ – Штип го задржува правото во секое време да ги измени овие услови.
5. Здружението „Онлајн Фитнес Центар“ – Штип ќе настојува веб-сајтот да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Неизбежните прекини, особено што се однесуваат на сервис и одржување, доколку е можно, ќе бидат објавени на веб-сајтот. За недостапноста на веб-сајтот Здружението „Онлајн Фитнес Центар“ – Штип не прифаќа никаква одговорност. Не постои законско право на користење или одржување на веб-сајтот. Здружението „Онлајн Фитнес Центар“ – Штип го задржува правото во секое време да промени, ограничи или укине одделни функции на веб-сајтот.
6. Здружението „Онлајн Фитнес Центар“ – Штип не презема одговорност за можните штети кои корисникот на формата за регистрација евентуално би ги претрпел за време на користењето на истата или поради недостапност на формата во одредени периоди.
7. Регистрацијата е отворена за секој. Здружението „Онлајн Фитнес Центар“ – Штип го задржува правото без претходна најава и известување да го ограничи или да го укине пристапот до формата за регистрација на одреден корисник, доколку тој ја користи формата на недозволен начин или со невистинити податоци. Ова важи особено доколку:
– постои основано сомневање дека корисничките податоци за регистрација се невистинити;
– постои основано сомневање дека онлајн услугите се користат за да се изврши измама.
8. Авторските права за сите документи (текстови, слики итн.), употребени при изработката на web страницата и припаѓаат на компанијата, освен ако не е поинаку наведено. Преку користењето на web страницата корисникот или трети лица не се здобиваат со авторско право, лиценци или слични права. Документите понудени на web страницата и нивната содржина не смеат да се менуваат, умножуваат, дополнуваат или на некој друг начин да се употребат без предтходна добиена писмена дозвола од здружението.
9. Доколку имате било какви прашања или забелешки ве молиме контактирајте не преку електронска пошта – info@fitfest.mk
10. На спортскиот настан Fit Fest не е дозволена регистрација на лица под 16 години.
