ЧПП

Како да се регистрирам за FitFest?
Можете да се регистрирате преку нашата официјална страна (www.fitfest.mk) на копчето ПРИЈАВИ СЕ.

Кога можам да го подигнам стартниот пакет?
На 18 – 19 и 20 септември. Локацијата ќе биде дополнително објавена.После завршувањето на настанот, подгањето на стартните пакети нема да биде возможно.

Колку време ќе трае FitFest?
FitFest ќе трае 3 – 4 часа.

Каде ќе се одржи FitFest?
Настанот ќе се одржи на Levaci Stadium во Штип со почеток во 10:00 часот.

Дали настанот е со натпреварувачки карактер?
Не, настанот има за цел секој еден учесник да се мотивира да работи на себе и да виде на кое фитнес ниво се наоѓа.

Дали да ја носам маичката од Fitfest на настанот?
Да на самиот настан задолжително треба да ја носите маичката која ќе ја добиете во стартниот пакет.

Која е минималната возрасна граница за еден учесник?
На овој настан може да учествуваат машки и женски лица од 16 до 65 години.

Во колку часот треба да дојдам?
Од 10:00 до 10:30 часот е регистрацијата.Ве замолуваме да не доцните.

Пријавен сум на FitFest. Се предомислив и сега сакам да се откажам. Дали е возможно?
Доколку сте пријавени не е возможно да го откажете вашето учество. Дојдете бидејќи станувате потенцијален добитник на многу награди.

Не сум добил/а имејл со конфирмација за мојата регистрација. Дали треба да се обратам некаде и да побарам нов имејл за конфирмација?
Побарајте во Spam фолдерот на вашиот e-mail, доколку немате порака и таму обратете се на info@fitfest.mk

Scroll to Top